Ниту Осимен, ниту Шешко: Челси ќе потроши 50 милиони за напаѓач кој има 5 гола во Премиерлигата?!

by bojan
1 минути читање
Дуран

Челси е подготвен да плати 50 милиони евра (околу 42 милиони фунти) за ангажман на Џон Дуран од Астон Вила, 20 годишниот напаѓач има само 5 голови во Премиерлигата.

Подолго време се говори дека Челси летоска ќе се засили со напаѓач и Виктор Осимен беше најавуван како прва желба на „сините“.

Сепак, високата цена од околу 130 милиони евра го натера раководството на клубот да се насочи кон други опции, Бенџамин Шешко беше една од нив.

Но и тој отпадна од игра откако реши да стави потпис на нов договор со РБ Лајпциг и да остане во Германија барем уште една сезона.

Последните информации велат дека Челси сега ќе ангажира недокажан напаѓач, отворени се преговори со Астон Вила за трансфер на Џон Дуран.

20 годишниот фудбалер од Колумбија може да се пофали со само 5 гола во Премиерлигата, но и покрај тоа, Челси е подготвен да плати 50 милиони евра (околу 42 милиони фунти) за негов ангажман.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани