242
„Росонерите“ ја забележаа првата победа во новата сезона во Серија А откако вечерва со 0-2 триумфира на гостувањето кај Лече.
Милан очајно стартуваше со пораз дома против Кремонезе, но избраниците на Алегри вечерва не дозволија нов кикс и славеа против Лече.
Не ги спречи ниту два поништени погодоци, оној на Габија на стартот од натпреварот, и оној на Хименез по еден час игра.
Ниту ВАР не можеше да го спаси Лече кога Лофтус Чик одлично се снајде по еден прекин и со глава ја затресе мрежата за 0-1 во 65. минута.
Трите бода беа потврдени во финишот, Пулишиќ искористи една грешка и биеше прецизно за 0-2.
ФОТО: X/AC Milan