Ниту болка не го спречува Меси, Аргентинецот повреден и даде три гола на Селта?! (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Барселона во саботата ја совлада Селта со 4-1 на Камп Ноу а херој на
домаќините по кој знае кој пат беше Лео Меси. Аргентинецот два пати погоди
мајсторски од слободен удар, а мечот го заврши со хет-трик.

Медиумите од Шпанија сега пишуваат дека напаѓачот имал ситна повреда.
Камерите на Мовистар и емисијата „Ел Диа Деспуес“ неколку пати го уловија
фудбалерот со болна гримаса на лицето и како се држи за бутниот мускул на
левата нога на загревањето и во текот на мечот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×