Ниту 100 милиони евра не беа доволни за негов трансфер, а сега може да биде ангажиран за беспари

by bojan
1 минути читање

Сергеј Милинковиќ Савиќ никако да пронајде заеднички јазик со Ал Хилал за продолжување на соработката, па се почесто се говори дека Србинот ќе се врати во Европа каде интерес за неговите услуги пројавуваат Јувентус и Челси.

Сергеј Милинковиќ Савиќ пред пет години важеше за еден од најдобрите фудбалери од средниот ред, беше мета на гигантите ширум Европа, а Лацио одби и понуди вредни по 100 милиони евра.

Летото во 2023, Србинот се пресели во Саудиска Арабија во зделка вредна околу 40 милиони евра, а сега е пред враќање во Европа, и тоа за беспари.

Преговорите за нов договор со Ал Хилал тапкаат во место, па се почесто се шпекулира дека популарниот „СМС“ ќе го облече дрес на некој клуб од „стариот континент“.

Јувентус се посочува како главен фаворит за потписот на Сергеј Милинковиќ Савиќ, а во последно време се пишува и дека Челси го мерка фудбалерот од средниот ред.

ФОТО: X/AlHilal Saudi Club

Можно е и ова да ти се допаѓа

×