Преговорите помеѓу Јувентус и Фиорентина за трансфер на нико Гонзалез бележат добар прогрес, се шпекулира со позајмица, плус обврска „старата дама“ во целост да го купи играчот за 30 милиони евра.
Тијаго Мота не смета на Федерико Киеза и Јувентус цело лето се обидува да ангажира нов офанзивен фудбалер за крилната позација.
Низ медиумите имаше најразични шпекулации, Џејдон Сначо, Карем Адејеми и Галено беа дел од имињата кои се поврзуваа со преселба во Торино.
Но откако преговорите не прогресираа со ниту едно од овие фудбалери, Јувентус се насичи кон Нико Гонзаез од Фиорентина.
Разговорите помеѓу двата клуба добро напредуваат и се пишува дека Аргентинецот е пред трансфер во редовите на „старата дама“, станува збор за позајмица, со обврска играчот во целост да биде купен за 30 милиони евра.