Арсенал и Кристал Палас начелно постигнале договор за трансфер на Еди Нкетија вреден околу 30 милиони фунти, „топчиите“ не ја добија цената која ја поставија на почетокот од летото.
Еди Нкетија не е дел од плановите на Микел Артета, па Арсенал ова лето се обиде да најде купец за напаѓачот.
„Топџиите“ поставија цена од 40 милиони фунти, сума која ќе беше рекордна продажба.
Сепак, ниту еден клуб не загриза посериозно со ваква бројка, па Арсенал мораше да даде попуст.
Последните информации велат дека Арсенал начелно постигнал договор со Кристал Палас за трансфер вреден 25 милиони фунти, плус додатни 5 милиони фунти во бонуси.
„Орлите“ исто така постигнале согласност со Еди Нкетија за висината на платата, па сега се пеглаат последните детали од зделката.