„Ѓаволите“ утрово
соопштија дека Норвежанецот повеќе нема да биде привремено решение, туку
перманентен тренер откако ставил потпис на три годишен договор.
Ваквите вести
значеа дека Молде ќе добие одредена компензација со оглед на тоа што Оле Гунар
Солскјер на почетокот од декември со нив исто така потпиша три годишен договор.
Утрово неколку
весници од Англија пренесоа дека Молде добро ќе се офајди и дека обештетувањето ќе биде во висина од 7,2
милиони фунти. Сепак, доцна вечерва ЕСПН и МЕН излегоа со сосема различни
тврдења.
Двата медиуми
повикувајќи се на свои извори велат дека Манчестер јунајтед на Молде ќе му
исплати скромни сума од околу 500.000 фунти и тоа како знак на добра волја.
ЕСПН и МЕН исто
така откриваат и каква плата ќе добива Оле Гунар Солскјер во следните три
години. Тој ќе има примања од околу 7 милиони фунти по сезона, што е двојно
помалку од платата која ја добиваше Жозе Мурињо.