Ништо од „македонскиот дуел“ на Максимир

by
1 минути читање

Утревечер Динамо
Загреб на домашен терен го пречекува Фенербахче во првото коло од групата „Д“
од новата сезона во Лига Европа, иако се очекуваше на Максимир да проследиме
македонски дуел, сепак, до тоа нема да дојде.

Шефот на стручниот
штаб на хрватскиот првак, Ненад Бјелица тврди дека нашиот репрезентативец
Аријан Адеми не е во целост рехабилитиран, па со тоа, нема да ризикува со него.

Аријан Адеми
нема да биде подготвен за натпреварот, не е во целост рехабилитиран, не сакам
да ризикувам, ќе видиме дали ќе биде подготвен и за дуелот во недела (против
Интер Запрешиќ), или ќе игра дури идната седмица
“ рече Бјелица.

Хрватски „24часа“ за Елмас: Го одби Пеп бидејќи живее за Фенер, а сега на Максимир го напаѓа Динамо

На Максимир се
очекува во стартните 11 во гостинскиот табор предводен од Филип Коку на
клупата, да се најде Елиф Елмас, кого веќе на големо хрватските медиуми го
најавија како голема опасност кон голот на нивниот претставник во ова
натпреварување.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×