Ништо од Косово, стадионот „974“ од Катар оди во Уругвај

by
1 минути читање

Последните информации велат дека Катарците веќе го расклопиле „лего-стадионот“ и со бродови ќе биде пренесен во Уругвај кој заедно со Аргентина, Чиле и Парагвај е кандидат за домаќин на Светското првенство во 2030 година, каде што треба да се одбележи стогодишнина од првиот Мундијал во Монтевидео во 1930.

Кога ќе пристигнат бродските контејнери во Уругвај, домаќинот треба да го склопи стадионот и да го стави како дел од кандидатурата за СП.

Инаку Косово и претседателот Агим Адеми неодамна му пишаа на Џани Инфантино, првиот човек на ФИФА, за Катар да го донира стадионот на Косово, ама тоа веќе извесно е дека нема да се случи.

Стадионот 974 беше домаќин на вкупно 13 меча откако беше направен, шест за Арапскиот куп и седум за време на ова СП и имаше капацитет од 44.089 гледачи. Ако Уругвај ја добие организацијата заедно со Аргентина, Парагвај и Чиле, овој стадион ќе биде уникат, зашто мечеви од СП ќе се играат на ист стадион, ама во различни земји.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.


Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани