Нистелрој објасни зошто Меси е најдобар: Роналдо е голгетер, Иниеста е мозок, Салах, Мане, Азар и Мпабе се одлични…

by
1 минути читање

Лео Меси и
Кристијано Роналдо се на врвот долги години, а за тоа кој е најдобар има дебата
која тешко дека некогаш ќе се реши. Двајцата имаат армија на поддржувачи, и никој
не може да ги оспори постигнувањата ниту на едниот, ниту на другиот.

Руд ван Нистелрој
сега даде свое мислење на оваа тема и го смести Аргентинецот на врвот.

За својот избор, легендарниот
холандски напаѓач вели: „Никој не е блиску до Меси. Кристијано Роналдо е
голгетер, Иниеста е мозок, Салах, Мане, Азар и Мбапе се одлични, но Лео
е сето ова во едно. Нема играч кој е на неговото ниво, се чини дека е фудбалер
од Плејстејшн“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×