171
Фудбалските
клубови од пониските лиги во Англија ќе поделат 600 милиони фунти, онолку колку
што им припаѓаат од телевизиските права, пренесуваат медиумите на Островот.
Инаку, станува
збор за клубовите кои се во конкуренциите под Премиерлигата, како
Чемпионшиплигата, Лига Еден, Лига Два, како и две Куп натпреварувања.
Потпишан е
петгодишен договор кој ќе стартува со реализација од 2019. година, а истиот е
потпишан со „Скај ТВ“.
Имателот на ТВ
правата ќе има можност да пренесува речиси 183 натпревари низ директни преноси
во текот на годината, а сумата која претходно е наведена е зголемена за цели
36% во однос на претходниот договор за ТВ правата.