288
Словенечкиот голгетер, Бенјамин Шешко кариерата би требало да ја продолжи во Англија од каде што има интерес од неколку клубови.
Според „Скај Спортс“, во моментов Шешко е најблиску до трансфер во Манчестер јунајтед.
Напаѓачот веќе ги договорил личните услови со клубот од Олд Трафорд. А во тек се преговори меѓу двата клуба.
Наводно понудата на Јунајтед изнесува 74 милиони евра што би требало да биде доволно за Лајпциг.
Интерес за Шешко имаше и од Њукасл кој бара замена за Исак кој е на излезна врата. Претходно Словенецот се поврзуваше и со Арсенал, но во меѓувреме тие го купија Виктор Ѓокереш.