Навивачот на Манчестер Јунајтед уште долго ќе чека да се ишиша, неговиот тим денеска одигра 1-1 на гостувањето кај Вест Хем и тоа се спаси од пораз во 96. минута.
Пред овој натпревар Манчестер Јунајтед имаше четири победи во серија, па очите на сите беа вперени во навивачот кој вети дека ќе ја чува косата додека неговиот тим не врзе пет триумфи по ред.
Беше блиску до шишање, но одличниот Вест Хем му ја продолжи голготата со фризурата.
Соучек во 50. минута му донесе водство на Вест Хем од 1-0. Јунајтед брзо се израдува на изедначување, но голот на Касемиро во 63. минута беше поништен поради офсајд.
Јунајтед долго време се мачеше да израмни, тоа конечно се случи во 96. минута кога Шешко погоди за конечни 1-1. Немаше време за пресврт.