Ништо од казната: Антони доби црвен картон, но ќе игра против Реал Мадрид

by Стефан
1 минути читање

Шпанската фудбалска федерација го поништи црвениот картон на Бразилецот, Антони и тој ќе може да конкурира за натпреварот против Реал Мадрид кој клубот од Севиља го игра овој викенд.

Антони во минатото коло против Хетафе сосема непотребно во финишот од средбата која Бетис ја доби со 2:1 на противничката половина направи груб старт поради кој беше исклучен.

Беис по натпреварот испрати жалба до Фудбалската федерација на Шпанија и истата беше прифатена.

Анони од доаѓањето во Бетис игра како препороден и веќе неколку пати беше играч на мечост. И во натпреварот против Хетафе беше асистент при голот на Иско.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани