Ништо не било случајно: Мањан го одбранил пеналот во дербито со маестрален психолошки трик (ВИДЕО)

by Стефан
1 минути читање

Фудбалерите на Милан славеа против Интер со минимални 1-0 во големото дерби, а човек на одлука беше голманот Михаел Мањан.

Французинот блесна со одбранетиот пенал на Хакан Чалханоглу, но во текот на натпреварот имаше и уште неколку одлични одбрани по ударите на: Лаутаро, Сучиќ, Турам…

Легендарниот Џанлука Маркежани објасни дека токму психолошките финти на Мањан пред изведувањето биле клучни да го запре ударот од 11 метри на турскиот репрезентативец.

„Иако само за нијанса се помести од средината, визуелно неговата десна страна изгледаше многу поширока, како да го повикува Чалханоглу да шутира таму. Потоа, додека Хакан трчаше кон топката, Мањан се врати во средина и се фрли токму таму каде што сакаше да шутне противникот и го одбрани мајсторски. Не треба да се заборави дека Мањан неодамна му одбрани пенал и на Пауло Дибала на 2 ноември, со што Милан ја победи Рома со истиот резултат 1-0“, изјави Маркежани.

Постои уште еден важен податок што го открија италијанските статистичари, Турчинот четири од последните пет изведени пенали ги шутирал во својата лева страна., Мањан веројатно и тоа го знаел, па и поради тоа оставил повеќе простор токму на таа страна.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×