Ниом ги дочека своите 5 минути и му врати мило за драго на провокаторот Винисиус (ВИДЕО)

by bojan
1 минути читање

Хетафе синоќа забележа голема победа од 0-1 над Реал Мадрид на „Бернабеу“, па Алан Ниом ги дочека своите 5 минути и му врати мило за драго на провокаторот Винисиус Жуниор.

На првиот натпревар помеѓу Хетафе и Реал Мадрид оваа сезона, гостите стигнаа до триумф од 0-1, а еден од клучните моменти на мечот беше црвениот картон на Алан Ниом.

Десниот бек само што влезе во игра, триесетина секунди подоцна доби црвен за старт над Винисиус Жуниор.

Бразилецот тогаш во свој стил дополнително провоцирал, па на тренерот Бордалас му дофрлил „добра замена“.

Хетафе синоќа со 0-1 славеше против Реал Мадрид на „Сантијаго Бернабеу“, па Алан Ниом ги дочека своите 5 минути и му врати мило за драго на Винисиус Жуниор, двајцата влегоа во вербална расправија по последниот свиреж.

Алан Ниом потоа ја предводеше традиционалната прослава на трите бода место капитенот Џене, а Хетафе го искористи ова за нов мајтап.

„Обожаваме кога Џене го прави ова, но ајде да кажеме дека ова е ДОБРА ЗАМЕНА“ – гласеше постот на социјалните мрежи.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×