Вардар утре го
игра реваншот против Копенхаген, на негов терен, откако во првиот дуел помеѓу
овие две екипи нашиот претставник во Скопје обезбеди минимална победа од 1-0.
Бобан Николов,
еден од клучните фудбалери на нашиот шампион, за утрешниот меч најавува голема
борба на теренот и максимално вложување, како од него, така и од неговите
соиграчи на теренот.
„Моите лични
очекувања за утрешната пресметка се да излеземе на терен онака како и
претходно, да покажеме уште еднаш како се игра за Вардар, да испишеме историја,
бидејќи Македонија заслужува такво нешто. Ние не можеме да ветиме ништо, само
можеме да потврдиме дека ќе дадеме максимум од себе“ издвои Николов.
„Противникот не
треба да не загрижува, се зависи од нас, доколку ние ја одиграме нашата
препознатлива игра, во тој случај нема причина од што да стравуваме“ додаде
фудбалерот од средниот ред на Вардар.
Дуелот Копенхаген
– Вардар, во третата рунда квалификации за Лигата на шампионите стартува со
почеток од 20,00 часот.