154
Македонскиот играч од средниот ред, Бобан Николов заминува од МОЛ Фехервар на шест месеци пред истекот на неговиот договор со унгарскиот клуб.
Лече ќе биде неговата нова среда, клубот од Серија Б за кој игра и Ленард Жута.
Николов е во Лече каде ги завршува последните формалности пред да го стави потписот на договорот. Тој веќе и позираше со шал на италијанскиот клуб.