Николов: По натпреварот против Холандија, Мурињо му се јави на Пандев и сите заплакавме!

by
1 минути читање

Горан Пандев стави крај на репрезентативната кариера со настап на
Европското првнество, неговиот натпревар против Холандија беше последен во „црвено-жолтиот“
дрес.

Напаѓачот доби честитки од сите страни а Бобан Николов сега раскажа интересна
случка од Амстердам.

„По дуелот со Холандија, со автобус се упативме кон хотелот. Пристигнавме
пред хотелот и пред да го напуштиме автобусот, Мурињо го побара Горан преку
видео-повик. Мурињо почна да му зборува и заплака. Почнавме да плачеме и јас и
Стефан Ристовски… сите заедно плачевме. Беше многу емотивно, кога една легенда
како Мурињо се обраќа на тој начин“
– открива Бобан Николов во емисијата
„Лазаров“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×