Николов: Натпреварот против Србија е клучен за нас

by
1 минути читање

Македонија немаше многу среќа на дуелот со Шпанија, Николов се надева дека нашите момци ќе ја имаат утре кога ќе истрчаат на теренот против селекцијата на Србија.

„Утрешниот натпревар со Србија е клучниот за нас на овој шампионат. Знаеме дека не очекува исклучително тежок дуел, но ние веќе се навикнавме на тоа. За никој од нас првенството не е завршено, и покрај високиот пораз од Шпанија. Напротив веруваме дека резултатски можеме да се вратиме. Играме против светските шампиони до 20 години. Ова е балканско дерби. Се надевам дека ќе бидеме на нивото од првиот натпревар со Шпанија, но овојпат резултатот ќе биде во наша корист, изјави Бобан Николов.

Натпреварот помеѓу Македонија и Србија се игра од 18 часот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани