Николов ќе навива против македонскиот првак во двомечот со ФЦСБ!

by 24 фудбал
1 минути читање

Бобан Николов мина одличен дел од кариерата во Романија, а сега пред натпреварот меѓу Шкендија и ФЦСБ најави дека ќе навива за својот поранешен клуб.

Македонскиот репрезентативец нема сомнеж, тој е пред сè вардарец и ривал на Шкендија, а дополнително на тоа во романскиот клуб има доста поранешни соиграчи. Поради тоа Николов нагласи дека ќе навива за ФЦСБ во двомечот во разговор за романските медиуми.

Видов познати лице, среќен сум бидејќи играв со дел од играчите кои и денес се дел од ФЦСБ. Ми недостига Романија, таму минав шест години од кариерата и имам доста пријатели. Ѝ посакувам успех на екипата на ФЦСБ против Шкендија, мислам дека ќе победи. Иако станува збор на македонски клуб, јас ќе навивам за мојот поранешен тим и ќе бидам на трибините. Шкендија е квалитетна, ама ФЦСБ е повисоко ниво и ако игра како што играше минатата сезона со сигурност ќе оди понатаму“, изјави Николов.

Натпреварот меѓу Шкендија и ФЦСБ се игра вечерва во 20:00 часот на „Тодор Проески“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×