Вардар забележа убедлива победа од 5-1 против Арсими, Бобан Николов и Дарко Велковски погодија на дебито.
„Црвено-црните“ во голем стил го започнаа вториот дел од сезоната во ПМФЛ, попладнево избраниците на Седлоски славеа со високи 5-1 против Арсими.
Резултатот беше отворен по само пет минути, засилувањето од Србија, Стефан Цветковиќ погоди за 1-0.
Бобан Николов потоа зголеми на 2-0 за гол во дебито, а во 35. минута, и Дарко Велковски се запиша во листата на стрелци во својот прв натпревар по трансферот.
На пауза домаќините заминаа со 4-0, Босанчиќ стрелаше во 42. минута.
Вардар не беше толку офанзивен во продолжението од мечот, но успеа да постигне и петти гол, додека пак Арсими во последните мигови само го ублажија поразот со голот на Цуцули од пенал.