147
Бобан Николов од неодамна е фудбалер на Лече со што ја зголеми македонската колонија во Италија.
„Бев блиску до трансфер во Бреша, но Лече има долга традиција, многу години беше во Серија А и Серија Б, на крајот одлучив да дојдам тука. Јас сум амбициозен и мојата цел ми е со клубот да се вратиме во Серија А“, вели Николов.
„Пред еден месец почнав да разговарам со Лече. Зборував и со Горан Пандев кој ми кажа се најдобро за тимот и за клубот и тоа ми помогна да ја донесам одлуката. Бев среќен што Лече се интересира за мене и се надевам дека тука ќе останам уште многу години“.