253
Финалистот на Купот, Струга Трим Лум, потврди ново заминување од тимот по истекот на договорот, клубот го напушта српскиот бек Никола Влајковиќ.
Поранешниот фудбалер на Раднички Ниш дојде во Струга пред година ипол и стана важен дел од тимот, но сега дојде време за разделба.. Оваа сезона запиша 30 настапи со три гола и три асистенции.
„Му благодариме за придонесот и му посакуваме среќа во кариерата“, објавија од клубот.
Претходно од Струга замина Бесарт Кривањева, а исто така клубот се раздели и со тренерот Илчо Ѓорѓиоски.