254
Македонскиот репрезентативец, Никола Серафимов кој денеска полни 26 години, ќе биде нов фудбалер на Левски од Софија.
Серафимов беше дел од Фехервар, но унгарскиот тим минатата сезона испадна од најдобрата лига во Унгарија, по што Македонецот стана слободен играч.
Бугарските медиуми пишуваат дека дефанзивецот ги минал медицинските прегледи во Левски и наскоро треба да биде промовиран како ново засилување на гигантот од Софија.
Левски оваа сезона има високи амбиции, во најдобрата бугарска лига веќе се одиграа четири кола, тие имаат максимални 12 бодови колку што има и Лудогорец.
Серафимот за репрезентацијата на Македонија има одиграно 22 натпревари и постигнато еден гол.