Никола Ѓорѓев ја почна авантурата во Твенте, на клупската фотографија не е единствениот Македонец во тимот (ФОТО)

by
3 минути читање

Никола Ѓорѓев и
официјално ја почна авантурата со холандскиот прволигаш Твенте, тој денеска
имаше можност да се најде на клупската новосезонска фотографија, но на истата
не беше единствениот Македонец.

Никола Ѓорѓев (вториот од лево кон десно во првиот ред долу)

Ѓорѓев имаше
прилика да игра и за селекцијата на Швајцарија, тој е роден во Цирих, но на
крајот ја избра Македонија, и покрај огромните напори кои Швајцарија ги
правеше. Но, не е ист случајот и со Дејан Трајковски, фудбалерот кој во
зимскиот преоден трансфер период потпиша за
Твенте, па ќе му биде соиграч на Ѓорѓев.

Дејан Трајковски (четвртиот од лево кон десно во првиот ред, долу)

Добрите познавачи
на македонскиот фудбал убаво се сеќаваат на овој 25 годишен лев бек кој
потекнува од младинската школа на Марибор, своевремено му беше соиграч и на
македонскиот репрезентативец Агим Ибраими.

Трајковски за
сума од 250.000 евра ги засили редовите на Твенте во зимскиот преоден рок,
досега настапи за 10 натпревари во дресот на холандскиот прволигаш.

Вреди да се
издвои дека Македонија правеше напори да го добие Трајковски, но сепак тој ја
одбра Словенија. Трајковски по татко е Македонец, по мајка Словенец. Беше
следен од селекторот на Македонија Игор Ангеловски кој бараше освежување на
левата бековска позиција во нашата селекција, но не успеа во намерите да го
добие Трајковски во првичните обиди.

Иако постоеше можност да се најде на списокот на фудбалери за
пријателскиот меч со Македонија во Копер лани, Трајковски не беше
повикан од Среќко Катанец, со што и натаму има само еден настап за Словенија,
па така оваа опција и натаму е во игра за Македонија.

Што се однесува
пак до младиот и суперталентиран македонски интернационалец Никола Ѓорѓев, тој
ова лето потпиша за холандскиот прволигаш Твенте, дојде од редовите на
Грасхоперс, но од швајцарскиот клуб беа решителни да не го пуштаат туку така
нашиот фудбалер, па така 19 годишниот Ѓорѓев во следните две години ќе биде во
Твенте како позајмен фудбалер.

Во изминатата
сезона Твенте заврши како седмопласиран во холандската „Ередивизие“ со освоени
45 бода од 34 одиграни натпревари.

 

Фото: fctwente.nl

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани