Никој не знае зошто: Модриќ станува малцински акционер во Свонси

by bojan
1 минути читање
Модриќ

Новинарот Фабрицио Романо откри дека Лука Модриќ решил да стане малцински акционер во Свонси, во моментов никој не знае зошто Хрватот инвестира во клубот од Велс.

Лука Модриќ ќе стане малцински акционер во Свонси, ова попладнево го потврди добро упатениот новинар Фабрицио Романо.

Во моментов нема информации колку пари ќе одвои Хрватот, ниту пак колкав процент од акциите ќе добие.

Исто така никој не знае зошто Хрватот се решил да инвестира во клубот од Велс, и каква е конекцијата со второлигашот.

Фабрицио Романо само додава дека оваа зделка не ги менува плановите на Лука Модриќ, кој сака да добие нов едногодишен договор од Реал Мадрид и да продолжи да го носи белиот дрес.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани