Никој не сака да го добие Лестер

by
1 минути читање

Утре со почеток од 12 часот ќе биде извршена ждрепката за четвртфиналето од Лигата на шампионите.

И додека многумина сметаат дека Лестер и Монако се двата посакувани противници за гигантите, тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан не се согласува со тоа.

„Лестер успева да го постигне тоа кое никој не може да го предвиди. Верувам дека не постои ниту еден тренер што на утрешната ждрепка ќе се надева дека ќе му се падне Лестер. Едноставно, во четвртфиналните натпревари секој може да победи секого, во оваа фаза сите веруваат дека можат до големиот трофеј“ – вели Зидан.

„Многумина мислеа дека Лестер нема да биде шампион на Англија, но тие тоа го направија. Многумина мислеа дека тие нема да ја поминат Севиља, но тие тоа го направија. Со кој и да игра Лестер, сигурно нема да биде фаворит, но поради тој факт ќе им биде полесно да играат без притисок. Сите видовме дека имаат талентиран тим кој игра со голема страст и пасија“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани