Никој не очекуваше: Грилиш во Евертон игра како во најдобрите денови – бројките се доказ!

by Стефан
1 минути читање

Крилниот напаѓач на Евертон, Џек Грилиш, е прогласен за најдобар фудбалер за месец август во англиската Премиер лига. Грилиш летово пристигна во Евертон како позајмен фудбалер од Манчестер сити и заминувањето од „Етихад“ очигледно му донесе нова енергија.

Од стартот од сезоната Грилиш одигра три натпревари во Премиер лигата, при што креираше пет стопроцентни шанси за погодок, од кои четири неговите соиграчи ги претворија во голови за победите над Брајтон (2:0) и Вулверхемптон (3:2). Интересно е што единствениот пораз на Евертон дојде во првото коло против Лидс (1:0), токму во мечот во кој Грилиш не беше стартер.

Со четири асистенции, тој е најдобар асистент во сите пет најсилни европски лиги, а шансата да ја продолжи одличната форма ќе ја има во сабота од 16:00 часот, кога Евертон ја пречекува Астон вила.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×