„Никој не го очекуваше ова, дури и докторите беа изненадени кога го отворија коленото на Гави“

by bojan
1 минути читање
Гави

Барселона на подолго време ќе биде без услугите на Гави, она што се очекуваше да биде рутинска операција, на крајот испадна посериозен проблем и напаѓачот ќе биде надвор од стројот помеѓу четири и пет месеци.

Гави оваа недела имаше артроскопска операција на коленото, во прв момент се очекуваше зафатот да биде рутински и пауза од максимум 30 дена, но на крајот испадна дека проблемот е посериозен и напаѓачот сега ќе паузира четири до пет месеци.

„Никој не го очекува ова, дури и докторите беа изненадени кога го отворија коленото на Гави“ – вели новинарот Луис Флакер.

Ситуацијата на Гави ја коментираше и тренерот Ханси Флик, кој рече: „Кога ќе ви дадат вакви вести за повреда и долго отсуство, секако дека тоа се лоши вести. Но во исто време се и добри вести за него, сега знае што точно е проблемот и чекор по чекор ќе работи на целосна рехабилитација“.

„Има само 21 година и долга кариера пред него. Има огромно срце, живее со многу емоции, живее за овој клуб… Среќен сум што во тимот имам ваков играч, кој може да ни понуди многу, па ќе ја има целата наша поддршка за да се врати на врвно ниво“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×