„Никој не го брои… не знам зошто“ – Гвардиола вели дека Манчестер Сити брка ПЕТ трофеи

by
1 минути читање

„Граѓаните“ се обидуваат да испишат историја и да станат првиот тим кој освоил четири трофеи: Премиерлига, Лига Куп, ФА Куп и Лига на шампиони.

Но Пеп Гвардиола вели дека тие се обидуваат да ја завршат сезоната со пет освоени трофеи и потсети дека во август, на стартот од новата сезона го подигнаа пехарот од Комјунити Шилд откако на Вембли го совладаа Челси со 2-0.

„Луѓето велат дека сме освоиле само еден трофеј, но што е со Комјунити Шилд? Зошто никој не го брои?“ – вели стратегот на Манчестер Сити.

„Можеби некој го брои во минатата сезона, но кога минатата сезона бевме на одмор, ги немавме медалите со нас. Во Шпанија и Германија, каде што работев претходно, Суперкупот е важен трофеј“.

„Јас сметам дека оваа сезона веќе имаме освоено два трофеи, и играме за уште три“.

„Доколку никој не го брои трофејот од Комјунити Шилд, тогаш следната година ако треба да играме за овој трофеј, нема да се појавиме на Вембли. Ќе си бидеме подолго време на одмор и ќе бидеме посвежи за Премиерлигата и Лигата на шампионите“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×