По првите кола од новата сезона направен е пресек за бројот на гледачи на натпреварите во првенствата од поранешна Југославија, Хајдук е убедливо најгледаниот клуб.
На одиграни пет натпревари Хајдук го следеле вкупно 152.530 гледачи, што во просек е 25.421.
На второто место е Партизан со повеќе од двојно помалку гледачи, црно-белите вкупно ги гледале 56.471, или во просек 11.294.
Нема македонски клуб меѓу првите десет клуба. Прашање е дали и воопшто може да биде рангиран наш клуб ако се знае дека ретко кој прави точна евиденција кај нас на продадени билети.