Никој како овој Ливерпул на Клоп, на „црвените“ им нема рамен ниту во Англија ниту во топ 5 во Европа! (ФОТО)

by
1 минути читање

Клубот од Енфилд се
чини дека е на добар пат да го прекине постот и по 30 години да стигна до титула
во најсилното првенство на Англија. Избраниците на Јирген Клоп продолжуваат да
редат победи и денеска триумфираа на гостувањето кај Тотнем со 0-1.

Со овој успех,
„црвените“ испишаа историја и соборија едно големо постигнување на Пеп
Гвардиола и Манчестер Сити. „Граѓаните“ во сезоната 2017/18, по 21-но коло имаа
освоено 59 бодови. Ливерпул по 21-но коло сега има освоено 61 бод.

Но не само во
Англија, на Ливерпул му нема рамен ниту во топ 5 првенствата во Европа, каде
ниту еден тим нема освоено толку многу бодови по 21-но коло.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×