Аргентинскиот фудбалски ас Лионел Меси повторно покажа зошто е еден од најдобрите во историјата на спортот, ниту еднаш во својата кариера не бил елиминиран во групна фаза на меѓународен турнир!
Со пласманот на Интер Мајами во нокаут-фазата на Светското клупско првенство, Меси ја продолжи својата неверојатна серија, 33 турнири, 33 пати мината групна фаза. Перфектен биланс кој говори доволно за неговата постојаност и неприкосновеност на највисоко ниво.
Она што ова достигнување го прави уште посимболично е фактот што до него стигна токму на својот 38. роденден.
Без разлика дали настапува за Аргентина или за клубовите што ги носел на грбот, Меси со години демонстрира ментална стабилност, класа и лидерство.