Лео Меси постави неколку нови рекорди на синоќешниот натпревар помеѓу Аргентина и Канада на Копа Америка.
„Гаучосите“ со победа ја почнаа одбраната на Копа Америка, утрово со 2-0 ја совладаа Канада во Атланта.
Лео Меси повторно беше во преден план и ја предводеше Аргентина до триумф, напаѓачот исто така постави неколку нови рекорди.
Настапот против Канада за него беше 35-ти на Копа Америка, со што го надмина постигнувањето на Серхио Ливингстон од Чиле, старо 70 години.
Lionel Messi has set the record for the most appearances in the history of the CONMEBOL Copa América™️, with 35 matches pic.twitter.com/VG5yuGTjB0
— CONMEBOL Copa América™️ ENG (@copaamerica_ENG) June 21, 2024
Лео Меси исто така стана и првиот Аргентинец со настап на седум различни изданија на Копа Америка.
Со асистенцијата за голот на Лаутаро Мартинез, Лео Меси стана играчот со најголем придонес на големите натпреварувања. Тој сега може да се пофали со 26 погодоци и 28 асистенции на Светските првенства и Копа Америка.
Обложувај се онлајн на натпреварите од ЕП на Моцарт и добиј бонус до 400 евра, регистрирај се ТУКА.