Репрезентативецот
на БиХ веројатно ја игра сезоната на својата кариера, тој е прв стрелец на Рома
и вечерва стрелаше два пати на дуелот со Емполи за да испише историја.
Во 12. минута Един
Џеко погоди за водство од 1-0 и се изедначи со големиот Франческо Тоти по
бројот на погодоци постигнати во една сезона.
На стартот од
вториот дел, напаѓачот одново ја затресе мрежата на Емполи и стана играчот со
најмногу погодоци во една сезона во историјата на „Римската Волчица“.
Па кога тој ја
напушти играта во 73. минута и на негово место влезеТоти, двајцата добија
овации од публиката.
До овој момент Един
Џеко има 33 погодоци, но неговиот рекорд сигурно ќе биде уште подобар.
До крајот на
сезоната има уште осум средби од Серија А, како и реваншот против Лацио во
полуфиналето од Купот на Италија.