„Никогаш нема да се случи тоа!“ – од Баерн објаснија зошто трансферот на Николас Џексон нема да биде перманентен

by bojan
1 минути читање

Почесниот претседател на Баерн Минхен, Ули Хенес вели дека нема шанси да биде активирана клаузулата со која „баварците“ за 65 милиони евра ќе треба во целост да го купат Николас Џексон од Челси.

Николас Џексон во последните денови од преодниот рок беше инволвиран во трансфер драма.

Напаѓачот пристигна во Минхен за да ја комплетира позајмицата во Баерн, но доби порака од Челси веднаш да се врати во Лондон поради повредата на Лиам Делап.

По неизвесни 48 часа и многу натегање, Челси сепак му дозволи на Сенегалецот да се пресели на „Алианц Арена“ во 5 до 12.

Баерн Минхен ќе плати прилично многу за позајмицата, односно околу 16,5 милиони евра, а има и клаузула за перманентен трансфер од додатни 65 милиони евра, која ќе стане обврска доколку се исполнат одредени услови.

Сепак, од таборот на „баварците“ порачуваат дека ова никогаш нема да се случи.

„Во суштина нема да биде 16,5 милиони евра за позајмицата бидејќи агентите и играчот од свој џеб ќе одвојат 3 милиони евра, па Баерн ќе плати околу 13,5 милиони евра“ – вели Ули Хенес.

„Дефинитивно нема да има перманентен трансфер. Обврската се активира само ако тој одигра 40 натпревари од самиот почеток… и тоа нема никогаш да се случи!“

ФОТО: X/FC Bayern

Можно е и ова да ти се допаѓа

×