„Никогаш во животот не сум видел вистински пиштол, сега во глава ми беа вперени два“ – Маркизио раскажа што преживеал

by
1 минути читање

Легендата на
„старата дама“ неодамна се врати да живее во Торино по авантурата во Зенит и за
кратко имаше непријатна епизода. Во вторникот вечерта, маскирани лица упаднаа
во неговиот дом, впериле пиштол кон него и неговата сопруга и барале да го
отворат сефот.

Клаудио Маркизио
во разговор со Кориере дела Сера сега ја раскажа хорор приказната која ја
преживеа.

„Во животот
никогаш не сум видел вистински пиштол, сега во глава ми беа вперени два“

почнува Италијанецот. „За среќа некако успеавме да останeме присебни. Пет лица
влегоа во нашиот дом во Виново, прашуваа каде го чуваме сефот. Им кажав дека
немаме, но тие не ми веруваа. Навистина немаме“.

„Кога им стана
јасно дека нема сеф, земаа се што можеа да најдат и заминаа. Бев исплашен за мојот
и животот на мојата сопруга Роберта. Му благодарам на Бог што децата не беа
дома. Беа излезени да играат фудбал, и дедо им се уште ги немаше вратено“.

„Нивниот тренер
всушност прв се посомнева дека нешто не е во ред, бидејќи не се јавувавме на
телефон кога тој ѕвонеше. Кога крадците увидоа дека некој е загрижен, гледаа само
како побрзо да заминат“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×