„Никогаш не оставам недовршена работа“ – Ибрахимовиќ најави останување во Манчестер јунајтед

by
2 минути читање

Популарниот „Ибракадабра“ има
одлична деби сезона во Манчестер јунајтед со 26 погодоци зад своето име, и сите
сакаат тој да остане на Олд Трафорд.

Кога потпиша за
„Црвените Ѓаволи“ тој доби едногодишен договор со опција за додатни 12 месеци,
оваа клаузула се уште не е активирана па затоа често се говори за негова
преселба во САД.

Сепак, самиот
играч сега најави останување на „Театарот на соништата“.

„Се водат
преговори па ајде да видиме што ќе се случи”
– вели Ибра.

„Имам опција за
уште една година, сака да продолжам да правам големи работи тука”.

„Уживам во овој
фантастичен клуб, се работи за еден од најголемите во светот, со одличен
тренер”.

„Го познавам од
претходно, тој е победник, Мурињо е перфектен тренер за овој клуб”.

Напаѓачот потоа
додаде: „Јас сум личност која, кога ќе се впуштам во нешто, давам 200% и го
правам она што најдобро знам да го правам
.

„Влегувам, ја
завршувам работата и си одам. И кога ќе заминам никој не с ежали. Таков сум,
никогаш не оставам недовршена работа
.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани