Шпанскиот репрезентативец Нико Вилијамс направи чекор напред во својата потенцијална преселба на „Камп Ноу“, откако самиот ја иницирал можноста за трансфер и закажал состанок со раководството на Барселона.
Според реномираниот трансфер-експерт Фабрицио Романо, биле одржани сериозни разговори меѓу двете страни, на кои се дискутирало и за регистрацијата на Вилијамс во шпанската лига. Каталонскиот гигант уверил дека нема да има административни пречки околу неговиот настап следната сезона.
Нико, кој во моментов настапува за Атлетик Билбао, сакал да добие гаранции дека нема да се соочи со ситуацијата во која ќе биде изоставен од тимот, како што тоа се случи со некои играчи минатата сезона поради финансиските ограничувања на клубот.