Нико Вилијамс би можел да го игнорира интересот на Барселона и ПСЖ, и да остане уште една сезона во Атлетик Билбао каде заедно со својот брат ќе игра во Европа.
По одличниот настап на Европското првенство, неколку клубови пројавија интерес за услугите на Нико Вилијамс, а Барселона и ПСЖ загризаа најсериозно.
„Каталонците“ доставија конкретен предлог, чекаат офанзивниот фудбалер да каже ДА и да ја активираат откупната клаузула вредна 58 милиони евра.
ПСЖ исто така прави силен притисок, на Нико Вилијамс му нуди два пати поголема плата од таа на Барселона, и го убедува да се пресели во Париз.
Но како што пренесува Спорт, Нико Вилијамс би можел да донесе изненадувачка одлука и да остане уште една сезона во Атлетик Билбао.
Се шпекулира дека Нико Вилијамс му дал ветување на својот брат Ињаки дека ќе играат задно во Европа откако Атлетик Билбао избори настап во Лига Европа.
Исто така се говори дека семејството го советува да продолжи на Сан Мамеш барем уште 12 месеци.
Атлетик Билбао сака да го задржи Нико Вилијамс, па му ветува зголемување на платата како награда за верноста.
Останува да се види што ќе одлучи фудбалерот на крајот, минатото лето тој успеа да одолее на неколку богати понуди од Астон Вила и да одбие преселба во Премиерлигата.