Нико Вилијамс на Јамал му открил каде ќе ја продолжи кариерата?

by Стефан
1 минути читање

Нико Вилијамс изминатото лето одлучи да остане во Атлетик Билбао, но извесно е дека ќе ја промени средината летото 2025 годна.

Како што пренесуваат каталонските извори, Нико Вилијамс на својот близок пријател Ламин Јамал му открил дека е блиску до договор со Арсенал.

Не е тајна дека Артета и оваа зима го контактираше репрезентативецот на Шпанија кој сепак не сакаше да ја промени својата одлука. Негова цел е да се пласира во Лигата на шампионите со Атлетик Билбао и да се обиде да дојде до финалето во Лига Европа кое се игра на неговиот „Сан Мамеш“.

Откупната клазула во договорот на Вилијамс изнесува 58 милиони евра и како што се најавува Арсенал е подготвен да ја активира, меѓутоа ќе мора да почека до лето.

Интересот од Арсенал за Вилијамс не е неочекуван, ако се земат во предвид проблемите кои ги имаа „топџиите“ во напаѓачката линија по повредите на Букао Сака, Габриел Жесус и Каи Хаверц.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×