Каталонскиот веник Спорт објави дека начелно е постигнат договор помеѓу Барселона и Нико Вилијамс, сега „каталонците“ треба да пронајдат заеднички јазик со Атлетик Билбао и имаат рок да го сторат тоа најдоцна до првата недела во август.
Нико Вилијамс е еден од приоритетите на Барселона за засилување на тимот и Деко напорно работи на реализирање на зделката.
Како што пренесува денешното издание на Спорт, минатата недела „каталонците“ се сретнале со Феликс Таинта, агентот на Нико Вилијамс.
Состанокот бил прилично конструктивен и начелно бил постигнат договор помеѓу Барселона и Нико Вилијас за должината на соработката и висината на платата.
Сега клубот од Камп Ноу ќе треба да најде начин како да ја aктивира неговата откупна клаузула, откако Атлетик Билбао порача дека нема да прифати трансфер на рати.
Спорт исто така додава дека Нико Вилијамс поставил рок до кога треба да се комплетира трансферот, и Барселона најдоцна до првата недела во август ќе треба да ја формализира зделката.
Обложувај се онлајн на натпреварите од ЕП на Моцарт и добиј бонус до 400 евра, регистрирај се ТУКА.