230
Новинарот Педро Мората објави дека Нико Вилијамс донел одлука за својата иднина и решил да остане во Атлетик Билбао уште една сезона.
Се чини дека сапунската опера поврзана со трансферот на Нико Вилијамс е пред крај.
Како што пренесува новинарот Педро Мората, напаѓачот ќе го исполни ветувањето дадено на својот брат Ињаки и ќе играат заедно во Лига Европа.
Агентите на Нико Вилијамс веќе стапиле во контакт со ПСЖ, ги известиле „светците“ дека напаѓачот нема да се пресели во Париз и ќе остане на Сан Мамеш уште една сезона.
Се очекува во следните денови истото ова да им биде пренесено и на луѓето од Барселона.