Нико Ковач опција за клупата на Манчестер Јунајтед?

by 24 фудбал
1 минути читање

Тренерот на Борусија Дортмунд, Нико Ковач, повторно се најде во фокусот на англиските медиуми, овојпат поради интересот од Манчестер Јунајтед.

Според информации на Скај Спорт, Ковач е на потесниот список на желби на Манчестер јунајтед, кој се распрашувал за неговата ситуација. Неговото име неодамна било разгледувано и во Челси по отказот на Енцо Мареска, но засега нема конкретни контакти или преговори.

И покрај интересот, Ковач е цврсто врзан за Борусија Дортмунд, со која има договор до 2027 година. Под негово водство, тимот бележи одлични резултати и се наоѓа на второто место во Бундеслигата, како и во добра позиција во Лигата на шампионите.

Англиските медиуми наведуваат дека Манчестер Јунајтед нема да отвора преговори до пред крајот на сезоната и ќе му даде шанса на Мајкл Керик, но Ковач останува тренер кој внимателно се следи како можна опција за летниот период.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×