Никлас Филкруг испратил германски навивач во болница! (ФОТО)

by bojan
2 минути читање
Филкруг

Весникот Билд објави луда приказна на еден германски навивач кој наместо од прв ред да го гледа дуелот против Шкотска, завршил во болница по еден шут на Никлас Филкруг.

Каи Флатман имал среќа да стигне до билет за воведниот натпревар на Европското првенство, и пресметката помеѓу домаќинот Германија и Шкоткска.

Платил 195 евра за билет во првите редови зад голот, но наместо да гледа како „панцерите“ слават со убедливи 5-1, тој завршил во болница.

На загревањето, еден обид на Никлас Филкруг завршил крај голот и право во Каи Флатман. Шутот бил толку силен што навивачот заработил фрактура на раката и бил пренесен во болница.

„Националната химна ја пеев на носилки, не знаев дали да се смеам или да плачам. За жал, морав да се откажам од сонот да го гледам отварањето на Европското првенство. Но, колку луѓе можат да се пофалат дека раката им била скршена од страна на Филкруг?“ – вели навивачот.

Никлас Филкруг жали за тоа што му се случило на навивачот, веднаш се извинил и му испратил потпишан дрес.

Обложувај се онлајн на натпреварите од ЕП на Моцарт и добиј бонус до 400 евра, регистрирај се ТУКА.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани