„Ни за 80, ни за 100 милиони евра, Верати не е на продажба“ – ПСЖ испрати порака до Барса

by
1 минути читање

Марко Верати сака да го напушти ПСЖ, а ова денеска уште еднаш му беше соопштено на клубот од Париз.

Агентот на Марко Верати, Донато Ди Кампли во Милано имал средба со новиот спортски директор на „Светците“, Антеро Енрике и го известил дека неговиоt клиент сака трансфер, по можност во Барселона.

„Каталонците“ го имаат идентификуваат Италијанецот како топ трансфер цел ова лето.

Но ПСЖ нема лесно да се откаже од Марко Верати.

„Ни за 80, ни за 100 милиони евра, Верати не е на продажба“ – вели портпаролот на ПСЖ во разговор со Марка.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани