Ни 75 милиони евра не се доволни за Ливерпул да му ја исполни големата желба на Клоп

by
1 минути читање

22 годишниот фудбалер од Гвинеа е голема желба на Јирген Клоп и Ливерпул е подготвен по секоја цена да му излезе во пресрет на својот менаџер.

Но РБ Лајпциг не сака да слушне за продажба на својата млада ѕвезда и сопственикот на клубот сега открива дека одбиле понуда вредна 75 милиони евра.

„Неодамна добивме понуда вредна 75 милиони евра за Наби Кеита. Нема шанси да го продадеме! Има договор со нас и ќе го испочитува“ – вели Дитрих Матешиц.

„Доколку го продадеме тоа ќе биде лош знак кон нашите фанови но и кон другите играчи како Тимо Вернер, кој исто така е баран“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани