Ни 125 милиони евра не се доволни, Ливерпул ја одби и третата понуда на Барса!

by
1 минути читање

Сопствениците на
Ливерпул не подлегнуваат на притисокот, клубот од Енфилд попладнево одби нов
предлог за Филипе Кутињо, кој достави формално барање за трансфер.

„Црвените“ на
маса сега имаа 125 милиони евра, но медиумите од Англија и Шпанија пренесуваат
дека и оваа понуда на Барселона била експресно одбиена.

Претходно,
Ливерпул кажа НЕ на 80 и 100 милиони евра, а Барса се надеваше дека третиот
предлог ќе биде доволен со оглед на тоа дека самиот играч го крена гласот и
побара да се пресели на Камп Ноу.

Останува да се види дали „Каталонците“ ќе достават и четврта понуда, или пак ќе се помират со одлуката на „Црвените“ и на друго место ќе побараат засилување.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани