Незадоволната ѕвезда на Њукасл менува репрезентација и ќе ја „засили“ Шкотска за СП?

by 24 фудбал
1 минути читање

Шкотска со драматичниот триумф над Данска обезбеди директен пласман на Светското првенство во 2026 и по долг период се враќа на големата сцена. Еуфоријата кај навивачите е огромна, а денес стигна и нова охрабрувачка информација од Англија.

Англиските медиуми јавуваат дека Стив Кларк би можел да добие сериозно засилување за настапот на Mундијалот. Харви Барнс од Њукасл, кој досега има само еден настап за репрезентацијата на Англија и тоа на пријателски натпревар, размислува да го промени националниот тим и да настапува за Шкотска незадоволен од неговиот статус.

Барнс имал разговори со Кларк уште пред три години, но оттогаш нема конкретно поместување. Сепак, учеството на Светското првенство може да биде клучниот момент што ќе ја забрза неговата одлука.

Единствениот настап на Барнс датира од 2020 година, а јасно е дека Томас Тухел не гледа премногу простор за него во репрезентацијата на Англија. Тоа е околност која може сериозно да и користи на Шкотска во битката за дополнително засилување во офанзивата.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×